субота, 8. јун 2013.

Мајкл Џефри Џордан

Мајкл Џефри Џордан (роден 17 февруари 1963) е пензиониран американски НБА кошаркар, активен бизнисмен, и сопственик на НБА тимот Шарлот Бобкетс. Џордан важи за еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња и играч кој ја има популаризирано НБА лигата, нашироко во светот во 1980 и 1990.
Во 1984 Џордан се придружува кон тимот на Чикаго Булс. Тој бргу се вклопува во тимот, и се наметнува како ѕвезда во лигата,импресионирајќи ја публиката со своите поени, и забивања од линијата за слободни. Со учество во натпреварот во забивања, Џордан го добива прекарот „Воздушен Џордан“ (англискиAir Jordan). Тој исто така важи за еден од најдобрите одбранбени играчи во кошарката. Во 1991, Џордан ја освојува неговата прва НБА титула со тимот на Булси, и следните две сезони една по друга ги освојува исто со тимот на Булси. Привремено заминува во пензија две години, за потоа наредните три сезони (1996, 1997, 1998) шампионскиот трофеј да му припадне нему и на тимот на Чикаго Булс.
Според многумина, Мајкл Џордан е најдобриот НБА играч на сите времиња, за што говорат шесте шампионски прстени, неговите 5 МВП награди за најкорисен играч на сезоната, 6 МВП награди за најкорисен играч на НБА Финалето, 10 шампионски титули за најдобар стрелец, како и 14 НБА Ол-старнастапи. Од 2009 тој е член на куќата на славните во Спрингфилд.

Нема коментара:

Постави коментар