субота, 8. јун 2013.

Тоше Проески

Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 - 16 октомври 2007) бил познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај(1998). Има блиска соработка со Џеф БекГригор КопровЖељко ЈоксимовиќЛеонтина ВукомановиќМарина ТуцаковиќБора ЃорѓевиќМиро Буљан,Антонија ШолаТони ЦетинскиPhoebusАња Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Загинал на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост [1].

Нема коментара:

Постави коментар