петак, 7. јун 2013.

Челси

Челси е англиски професионален фудбалски клуб основан во западен Лондон во 1908 година, со седиште во Фулам. Тренер на екипата е Жозе Мурињо од Португалија. Сопственик е Роман Абрамович од Русија. Челси има 4 титули во англискиот фудбал (1 во Прва Дивизија и 3 воПремиер Лигата).
Познати и како “сините”, или во подамнешно време како “пензионерите”, фудбалскиот клуб Челси во
најголем дел од својата историја е во елитната Англиска Премиер Лига. За свој прв успех го смета финалето на Англискиот куп, каде што губи од тогашен Шефилд. Сепак својот прв поголем успех го забележува во 1955-та со освојување на тогашниот Англиски куп. Својот најголем подем клубот го доживува во последната декада со три победи во Англиската лига (2004-2005, 2005-2006 и 2009-2010) и две финалиња во Лигата на Шампионите, каде во првото финале загубува од својот ривал Манчестер Јунајтед (2008) и во второто финале каде што извојува победа над Баерн Минхен со резултат 4-3 (пенали)
Својот дом (Стемфорд Бриџ) со капацитет од 42,500 луѓе се наоѓа во Фулам (Западен Лондон). Првото поголемо обновување на својата екипа го забележува со доаѓањето на селекторот Тед Дрејк (1952), а набрзо го освојува и купот на УЕФА. Својот прв пад клубот го доживува со доаѓањето на селекторот Томи Дочерти (1960-1970). Но седмата декада од дваесетиот век не е ништо во споредба со следните две за судбината на Челси. Во 70-ите и 80-ите Стемфорд Бриџ бил често пати напаѓан од страна на противничките навивачи, за на крај да биде даден на аукција со почетна цена од една фунта, што значи и губење на нивниот дом. По ваквиот сплет на настаните во 1983 година клубот паѓа дури до Втората Англиска Дивизија. За голема среќа селекторот Џон Нил го обновува клубот за мала сума на пари по што Челси се враќа во Англиската Премиера за 2-ве години.Луис не направи многу за клубот, и од таа причина на кормилото на Челси дојде ветеранот Гус Хидинг (2009). Два дена по завршувањето на договорот со Гус Хидинг, Челси потпиша договор со Карло Анчелоти, поранешен менаџер на Милан. Анчелоти ги одведе Челси до нивната прва двојна титула, во лигата, и на ФА купот. Анчелоти беше избркан од Челси во мај 2011, и беше заменет од Андре Вилаш-Боаш, кој дојде од португалскиот Порто.[2] По слабите резултати, во март 2012, Андре Вилаш-Боаш бил разрешен, и за привремен менаџер бил именуван италијанецот Роберто Ди Матео. Со него, Челси го освоил својот 7-ми ФА Куп[3], и својата прва титула во УЕФА Лигата на Шампионите, победувајќи го Баерн Минхен со 4-3 на пенали и станувајќи прв Лондонскиклуб со титула во Лигата на Шампионите.[4]Својот “кам-бек” Челси го пронаоѓа со двата Италијански селектори: Џанлуча Виали, и Клаудио Раниери (1994-2003). Во 2003 клубот е продаден на Рускиот милијардер Роман Абрамович за сума од дури 140 милиони фунти.[1] Тогаш беа потрошени дури 100 милиони фунти на нови играчи, но Раниери не беше веќе способен за нови освојувања, па затоа беше заменат со Португалскиот селектор Жозе Мурињо. Набрзо Мурињо освојува две Лигашки и една Куп победа на островот, по што е заменет со селекторот Аврам Грант (2007). Ни овoј селектор не останува подолго на клупата, па набрзо е сменет со Луис Фелипе Сколари (2008).

Нема коментара:

Постави коментар