Вилијам Хенри Гејтс III е американски бизнисмен и микрокомпјутерски пионер. Тој, заедно со други, го има напишано оригиналниот Altair BASIC интерпретатор за Altair 8800 (првиот комерцијално успешенличен сметач). Тој, заедно со Пол Ален ја имаат ко-основано Мајкрософт корпорацијата и моментално е нејзин директор и главен софтвер архитект. Според списанието Форбс, Бил Гејтс е третиот најбогат човек на светот. Тој живее на езерото Вашингтон, во Медина, Вашингтон, во една од најскапите куќи на светот, проценета на 125 милиони долари.Бил Гејтс е основачот на Microsoft заедно со Пол Ален и еден од највлијателните луѓе во информатичката индустрија. Уште се занимава со инвестирање, филантропија и пишување. Во Микрософт работи како генерален директор, и сеуште поседува најголем дел од акциите со 6.4%. Има напишано повеќе книги, додека во периодот од 1995 година па се до 2009 со исклучок на 2008мата кога бил трет. Бил Гејтс е еден од пионирите на индустријата за персонални компјутери и најпознатиот меѓу нив. Повеќе пати бил обвинуван и суден заради неговите бизнис тактики кои се сметале за не компетитивни. Подоцна тој донира огромни количини пари на разни организации за добротворни цели и програми за научни истражувања преку Bill & Melinda Gates Foundation.Бил Гејтс, е роден во Seatle , Washington како дете на William Henry Gates sr. и Mary Maxwell Gates. Роден е на 28ми Октомври 1957мата година. Тие имале англиско - германско и шкотско-ирско потекло. Тој бил четвртиот член во семејството што го носел името William Henry, и бил наречен трети (III) затоа што татко му бил наречен втори(II). Неговото семејство планирало тој да студира право, по патеката на неговите родители. Бил поблизок со неговата мајка, која својата започната кариера како наставничка ја свртела кон раснење на своите деца.
Гејтс бил страстен читач како дете. Тој бил добар ученик, но кога имал 12 години неговите родители се уплашиле бидејќи изгледал како безпрестано да се досадува. На 13 годишна возраст тој тргнал во Lakeside School.
Додека учел таму во школото со помош на донација била обезбедена машина на која тој го напишал првиот програм. Тој програм овозможувал познатата игра tic-tac-toe да се игра против компјутерот. Фасциниран од начинот на кој оваа машина ги извршувала кодовите бил ослободен од часовите по математика за да ја задоволи својата љубопитност околу програмирањето. Откако се потрошила донацијата Бил заедно со неколку други студенти поминувале голем дел од времето на DEC PDP миникомпјутерите. Еден од тие системи бил и PDP 10 кој што забранил пристап на 4 студенти од Lakeside School. Тоа биле Бил Гејтс, , Рик Вејланд и Кент Еванс. Причината била злоупотреба на програмски грешки за да обезбедат повеќе време на тие компјутери.
Откако завршил во Lakeside School, постигнал 1590 од 1600 поени на SAT(вид на покагање матура), и се запишал на Харвард во 1973та. Иако планирал да започне кариера на правник, сепак на Харвард тој повеќе време поминувал на компјутер отколку на друго место. Сепак успевал со неколку часа учење малку спиење да биде солиден студент. Во 1974тата со Пол Ален решиле да се обидат да основаат компјутерска софтверска компанија.
Бил Гејтс се оженил на први јануари, 1994 со сопругата Мелинда. Таа имала 33 години, а тој имал 42 години. Имаат три деца, Џенифер Катарина(1996), Рори Џон(1999) и Фиби Адел(2002). Нивниот имот кој се протега на 6100 метри квадратни, во чија што близина се наоѓа 18 метарски базен е опремен со подводен музички систем. Во своја приватна сопственост поседува неколку записи на Леонардо да Винчи за кои потрошил преку 30 милиони долари.